Деривациските процеси на прасловенскиот корен *mer- во македонскиот јазик

Последниве години во Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ во фокусот на интерес се наоѓа еден нов пристап кон описот на зборообразувачкиот систем на македонскиот јазик. Пристапот се состои во истражување како се создаваат нови лексеми во рамките на едно зборообразувачко гнездо, одно...

Full description

Bibliographic Details
Main Author: Давор Јанкулоски
Format: Article
Language:English
Published: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology 2020-12-01
Series:Journal of Contemporary Philology
Subjects:
Description
Summary:Последниве години во Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ во фокусот на интерес се наоѓа еден нов пристап кон описот на зборообразувачкиот систем на македонскиот јазик. Пристапот се состои во истражување како се создаваат нови лексеми во рамките на едно зборообразувачко гнездо, односно групи лексеми деривирани од иста зборообразувачка база во форма на коренска основа. Според Марковиќ и Тополињска (2019), еден од најзначајните процеси што го отсликуваат системскиот пренос на информации од семантичкиот континуум во лексиконот на јазикот претставува процесот на семантичка деривација. Преку овој процес се овозможува набљудување на асоцијативните низи, кои ги задржуваат основните, појдовни семантички компоненти, пренесувајќи се од човекот и од реалниот свет сè до најапстрактниот – менталниот свет на човекот. Овие основни семантички компоненти претставуваат нераскинлива врска во текот на формалниот развој на лексичкиот фонд на јазикот. Во овој текст ќе се обидеме да го прикажеме формалниот и семантичкиот деривациски процес на индоевропската и прасловенска основа *mer- во македонскиот јазик. Оваа основа во прасловенскиот развила неколку превојни варијации и тоа: *mer-, *mor-, *mar-, *mьr-. Идентификацијата и потврдувањето на прасловенските и индоевропските форми и основи се базира врз толкувањата содржани во користените етимолошки речници.
ISSN:2545-4765
2545-4773